Четврток, 7. Февруари 2019

Што е всушост движењето #simplyfansunited

Што е всушост движењето #simplyfansunited

#SIMPLYFANSUNITED е збор кој го претставува нашето движење.

Движење чија мисија е да го „премости јазот“, да ги обедини сите фанови без оглед на тоа какви се нивните национални, расни, етнички или религиозни разлики. Она што ги обединува сите овие навивачи е нивната љубов кон ракометот.

Она што го прави ракометот толку посебен, во споредба со другите спортови, е тоа што љубителите на ракометот имаат пријателска, емпатична култура на навивање и во Горење сакаме да го негуваме и поддржуваме ваквото однесување.

 

Затоа …

Го ПОДДРЖУВАМЕ вашиот избор да бидете навивач на одреден тим.
Ја ПОЧИТУВАМЕ вашата посветеност кон конкретниот тим.
Сакаме секогаш ДА ГО БОДРИТЕ вашиот тим.

Но, ние исто така сакаме да станете НАВИВАЧИ ЗА РАКОМЕТОТ. Да станете дел од групата каде ракометните навивачи се обединети.

 

Нашата цел е да ве однесеме надвор од границите на вашата татковина, да ве водиме неколку чекори подалеку од салата на вашиот омилен ракометен тим, да ги избришете расните, националните и другите ограничувања и да ви покажеме повисоко ниво на радост - навивајќи за ракомет! И токму за ова е #SIMPLYFANSUNITED движењето.

 

ЗА НАГРАДНИОТ КОНКУРС...

За да учествувате во нашиот награден конкурс, сакаме вие како навивачи да ги споделите вашите #SIMPLYFANSUNITED моменти со нас - треба да направите фотографија со навивач/и на противничкиот ракометен тим.

Откако ќе објавите ваша слика со навивач на противничкиот ракометен тим на вашиот профил во Инстаграм и ги исполните сите неопходни чекори, официјално ќе учествувате во нашиот конкурс.

 

ПОДАРОЦИ

4 x 2 влезници + сместување во Келн, Германија + З Meet&Greet со Ивано Балиќ.

 

ПРАВИЛА НА КОНКУРСОТ

  1. Сликајте се со обожавател на противничкиот тим за да се приклучите на движењето #SIMPLYFANSUNITED.
  2. Објавете ја фотографијата на вашиот Инстаграм профил.
  3. Осигурете се дека вашиот профил е отворен (public).
  4. Означете го @gorenjesimplyfans и додајте #simplyfansunited.

 

ИЗБОР НА ДОБИТНИК + ОБЈАВА

Во секој месец ќе има по еден добитник на горенаведениот подарок, почнувајќи од крајот на февруари 2019 година. Вториот добитник ќе биде избран кон крајот на март, третиот на крајот на април и четвртиот, последниот, во средината на мај.

Секој месец на 27-ми, нашиот тим ги избира првите три најдобри фотографии од пријавените во конкурсот. Ние ќе ги објавиме на нашиот Инстаграм профил @gorenjesimplyfans и ќе оставиме нашите следбеници да одлучуваат кој ќе биде добитник - следбениците ќе имаат три дена да гласаат за нивната омилена фотографија која ќе биде победник на месецот.

Победникот ќе биде објавен на последниот ден од месецот на нашиот профил на Инстаграм @gorenjesimplyfans. Правилата за учество може да ги прочитате тука.

Ние навистина сакаме да бидете дел од ова важно движење и да ни помогнете да ја пренесеме пораката на нашето #SIMPLYFANSUNITED движење.