Среда, 10. Октомври 2018

Пофалба за ракометниот Моцарт

Пофалба за ракометниот Моцарт

Бидејќи почна новата сезона на VELUX EHF Лигата на шампиони, го направивме нашето интервју со една од легендите на ракометот, нашиот единствен амбасадор, Ивано Балиќ.

Тој е поранешен хрватски ракометар, светски и олимписки шампион. Тој беше прогласуван 5-пати едноподруго за најдобар играч на главните меѓународни натпревари и претставува еден од четиритемина мажи - ракометари кои ја освоиле наградата ИХФ светски играч на годината (IHF World Player of the Year) на две случувања (2003, 2006). Од многумина тој се смета за најдобар ракометар во историјата. 

Ние сме почестени да нѐ претставува како #simplyfans  амбасадор, особено, сега, кога професионално веќе не игра ракомет, тој е еден од вистинските едноставни НАВИВАЧИ во ракометот.

Поминавме едно попладне со него на овогодинешното EHF EURO што се одржа во неговата татковина, Хрватска, а некои од прелиминарните натпревари исто така се одржаа во неговиот роден град Сплит.

Тој со нас разговараше за неговите сфаќања за ракометот и за важноста на навивачите. Во меѓувреме тој се сретна со некои од фановите и направи милиони селфи-фотографии со нив. Навистина, мора да признаеме, тој дефинитивно е легенда на теренот и во приватниот живот.

Погледнете го нашето видео со Ивано Балиќ од EHF Euro 2018 овде

и пофалбата за него од EHF тука.