Петок, 5. Октомври 2018

РАКОМЕТ - интересни факти кои можеби не ги знаете

РАКОМЕТ - интересни факти кои можеби не ги знаете

Сите ние можеме да бидеме љубители на ракометот, да знаеме сѐ за нашите омилени тимови и за најпопуларните играчи, но дали знаеме сѐ за овој интересен спорт?

Вие би можеле да бидете изненадени за некои од овие факти од светот на ракометот. Уште пред да почнеме - дали некогаш би ги поврзале принцезата од Спарта, Александар Велики и ракометот? Најверојатно не.

ФАКТ ЗА ДИСКУСИЈА: ПОТЕКЛОТО НА РАКОМЕТОТ

АНАГАЛА, ПРИНЦЕЗАТА ОД СПАРТА И АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ

Постојат некои тврдења дека ракометот е стар приближно 3000 години, така што оваа игра им била позната и на античките Грци.

Ова е евидентирано со фактот дека големиот поет Хомер во неговата епска поема „Одисеја“ опишува како спартанската принцеза која се викала Анагала ја измислила играта, додека Александар Велики, кралот на грчкото кралство Македонија, бил задолжен да ја рашири играта во грчките колонии во Италија и оттаму се раширила во Шпанија, Франција и во другите делови на Римската империја.

Ова е далечен пат назад во времето, така што да се фокусираме на модерниот ракомет и на неговата историја.

Се верува дека тимскиот ракомет потекнува од три игри со топка. Дали би сакале да знаете од кои? Еве ги тие игри:

ХАЗЕНА

Во Бохемија, во средината на 1890-тите, била развиена една игра со топка, наречена Хазена. Во почетокот на 1900-тата, учителите Вацлав Карас и Кристоф Антонин регуларно проучувале ракомет во училиштата во Прага. Вацлав Карас исто така ги објавил правилата на играта во Бернес техничкиот журнал во 1905 година. 

ХААНДБОЛД

Во речиси исто време една нова игра со топка се беше родила во Данска. Во едно од училиштата, училишниот лекар го посоветувал училишниот директор да ја забрани играта мал фудбал поради многубројните повреди што биле предизвикани во текот на оваа игра. На учениците не им било дозволено да ја шутнат топката, но поради тоа што тие го сакале малиот фудбал толку многу, почнале да ја играат играта со раце. Еден учител, по име Холгер Нилсон, кој бил исто така исклучителен спортист, олимписки победник, имал идеја да ја усоврши играта и да ја претвори во нова игра. Така се родил Хаандболд. 

ТОРБОЛ

Во 1915-тата, Бахман Херман, наставникот што предавал физичко, креирал нова игра која се играла со раце. Играта била наречена торбол. Торбол била женска игра. Таа била играна главно од жени и нејзините атрибути и правила биле соодветни на физичкиот тренинг на жените.

Карл Шеленз, еден наставник од Берлинскиот колеџ за физичко образование, го модифицирал торболот во 1919-тата, истиот да биде соодветен и за мажите.

Важна точка во развојот на играта е прифаќањето на правилата на ракометот што се играл на големо поле. Првиот официјален меѓународен натпревар за мажи се одржал во Хале, во 1925-тата година, а првиот официјален женски натпревар се одржал во 1930-тата година, во Прага.

МОДЕРЕН РАКОМЕТ

Ракометот, таков каков што го знаеме денес - како спорт што се игра во сала, првпат бил претставен во Минхен, во 1972 година, на Олимписките игри, како еден натпревар кој опфаќал 16 машки тимови, така што на тој натпревар, првиот олимписки златен медал го освоила Југославија.

Бидејќи е тешко да се каже која игра била навистина предок на денешниот ракомет, ајде да се согласиме дека основите биле поставени со погореспомнатите игри и дека ние како љубители на ракометот сме горди што знаеме дека некој како Александар Велики ја сакал оваа игра.