Легенди во ракомет, амбасадори на #simplyfans
НИКОЛА КАРАБАТИЌ НИКОЛА КАРАБАТИЌ
ИВАНО БАЛИЧ ИВАНО БАЛИЧ
ВИД КАВТИЧНИК ВИД КАВТИЧНИК

Професионален развој

Никола Карабатиќ во текот на својата кариера ги помести границите на спортот.

Овој ракометар, чиј татко е Србин, а чија мајка е Хрватица, во моментов игра и живее во Франција. Со националниот тим на Франција ги освои сите големи меѓународни натпревари: Олимписки игри, светски и европски ракометни првенства. Тој беше три пати прогласен за најдобар IHF светски играч на годината.

Како #simplyfans амбасадор, тој ни помага да ја рашириме обединувачката сила на спортот, која е посилна од националните и другите граници.


 

Photo gallery

Професионална патека

Поранешниот хрватски ракометар Ивано Балич се смета за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Пет години по ред, тој беше прогласен за најдобар играч на најголемите меѓународни натпревари. Тој, исто така, два пати ја доби наградата за најдобар IHF играч на годината. Со клубовите и со хрватската репрезентација, ги освои сите најголеми трофеи - од Олимписки медаљи до Светски првенства. Како #simplyfans амбасадор, тука е да ни помогне да ја споделиме вистинската љубов кон ракомет без граници.

Галерија

Професионален развој

Вид Кавтичник е еден од најдобрите ракометари на Словенија на сите времиња.

Тој стана шампион на Словенија во 2003 година со својот прв клуб, РК Горење Велење. Во 132 натпревари кои ги играше за клубот Кил, тој постигна 567 гола и освои четири последователни титули на германското првенство и титулата на Лигата на шампионите. Со неговиот сегашен клуб, Монпелје Х.Б., освои три титули во Франција и голем број други важни трофеи. Со националниот тим на Словенија, тој освои сребрен медал на Европското првенство во ракомет и бронзен медал на Светското првенство, и тоа како капитен на тимот.

Како #simplyfans амбасадор нè поттикнува да гледаме надвор од границите. Како во спортот, така и во животот.


 

Photo gallery

Вид не е само одличен ракометар, туку и неверојатен готвач.

Проверете кои закуски им ги препорачува на сите #simplyfans!