Четврток, 7. Февруари 2019

Живот на спортист: ХИДРАТАЦИЈА

Живот на спортист: ХИДРАТАЦИЈА

Вода, навистина?!

Знаеме што можете да си помислите - уште еден напис за вода и хидратација. Знаеме колку е добро за нас да пиеме вода и да бидеме хидрирани, па зошто сакаме повторно да разговараме за тоа? Па, само затоа што истражувањата низ целиот свет покажуваат дека иако сите ја познаваме теоријата, повеќе од 75% од населението сеуште е дехидрирано и тоа веројатно ве вклучува и вас, а можеби и вашите омилени спортисти.

За почеток, да погледнеме што може да му направи на нашето тело нередовното пиење чаша вода. Еве кратка листа на симптоми на дехидратација: 

·        Вртоглавица

·        Умор

·        Главоболка

·        Иритација

·        Жед

·        Грчеви

·       Гадење

 

Зошто дехидрацијата е најлошиот непријател на секој спортист?

Три четвртини од мускулот се состои од вода. Мускулите ја губат својата способност да постигнат оптимални перформанси кога спортистот е дехидриран, што ја намалува ефикасноста на спортистот.

 

Зошто дехидрацијата е непријател и за вас?

Освен несакани симптоми споменати погоре, нивото на хидратација значително влијае на вашата концентрација. Вашиот мозок во најголем дел се состои од вода. Затоа не е чудно што функционира многу подобро кога сте правилно хидрирани.

Можеби советите за тоа „како да пиете повеќе вода“ веќе ве преплавуваат, затоа предлагаме нешто што можеби не сте знаеле за хидратацијата ...

 

НАЈДОБРО ВРЕМЕ КОГА ТРЕБА ДА ПИЕТЕ ВОДА

1.      ПО УТРИНСКОТО БУДЕЊЕ - активирајте го телото.

2.      ПО ВЕЖБАЊЕ - го враќа нормалниот пулс на срцето.

3.      ПОЛОВИНА ЧАС ПРЕД ОБРОК - помага во варењето.

4.      ПРЕД ТУШИРАЊЕ – помага да се намали крвниот притисок.

5.      ПРЕД СПИЕЊЕ - ја надоместува загубата на течности.

6.      КОГА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ БОЛНИ - тоа го хидрира телото за подобро функционирање.

7.      КОГА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ИЗМОРЕНИ - го освежува телото и ја обновува енергијата.

8.      КОГА СТЕ ОПКРУЖЕНИ СО ЛУЃЕ КОИ СЕ НАСТИНАТИ ИЛИ БОЛНИ - спречува инфекцијата да се појави во вашето тело.