Среда, 6. Февруари 2019

Живот на спортист: ДЕТОКСИКАЦИЈА

Живот на спортист: ДЕТОКСИКАЦИЈА

Кога станува збор за детоксикација на вашето тело, навистина нема голема разлика помеѓу професионалниот спортист и канцелариски работник, бидејќи сите навистина ќе имаат корист од тоа. Без разлика дали причината е чувството на исцрпеност и чувството дека сте без енергија во цела недела полна со тренинзи и натпревари или само сте „исцрпени по цел ден во канцеларија“, правилната детоксикација може да доведе до значајно физичко подобрување.

Детоксикацијата е еден од најважните чекори на пат за подобрување на физичката здравствена состојба. За правилно функционирање, на нашето тело му треба чисто гориво, но исто така треба и чист систем низ кој може да помине тоа гориво.

Детоксикацијата е многу повеќе од диета со смути, но сепак смутито и природните сокови може да бидат важен дел од вашата програма за детоксикација и одлична почетна точка за секој почетник.

Затоа со вас сакаме да поделиме еден од најомилените рецепти за смути на нашиот амбасадор Никола Карабатиќ.

 

Состојки:

  • 200 g јагоди или  шумско овошје (свежи или замрзнати)
  • 1 супена лажица путер од кикирики
  • 1 супена лажица од агаве сируп
  • 300 ml млеко (бадемово, оризово, од кокос ...)

Измешајте ги сите состојки во блендер Gorenje и започнете со детоксикација!