Вторник, 15. Јануари 2019

Вегански тартар подготвен од Ивано Балиќ

Вегански тартар подготвен од Ивано Балиќ

Како што вели старата поговорка „зад секој успешен маж, стои силна и успешна жена“, Ивано Балиќ не е исклучок од оваа изрека. Во неговиот приватен живот, оваа моќна жена е неговата животна партнерка Мирела Делиќ, а во неговиот деловниот живот таа жена е неговиот менаџер Габриела Гргиќ Бартовски.

Секогаш знаеме многу детали за самите спортисти, за нивните тренинзи и натпревари, но ретко имаме увид во нивниот приватен живот и важните луѓе околу нив. Сакавме да го смениме тоа и го поканивме во нашата Gorenje кујна, нашиот амбасадор Ивано Балиќ заедно со неговиот менаџер Габриела, да создадеме заедничка магија и да подготвиме вкусна закуска.

Откако ги запознавме подобро и лично, набргу сфативме дека и двајцата сакаат да се дружат во релаксирана атмосфера и да уживаат во вкусна храна. А какво би било ова собирање без вкусен тартар?!

За да ги зачиниме работите, ги имавме на ум нивните пријатели кои избегнуваат месо и затоа подготвивме веганска верзија на тартар. Следете го рецептот подолу и организирајте прекрасно дружење за важни луѓе во вашиот живот кои веќе долго сакате да ги повикате на гости, но сте спречени од некои ситуации во секојдневниот живот.

РЕЦЕПТ

СОСТОЈКИ:

- 1/2 чаша варена зелена леќа
- 1/2 чаша сушени домати (исцедете го маслото од доматите и потапкајте со салфетка за да ги исцедите сите остатоци од масло)
- 1 многу мал кромид (или половина поголем кромид)
- 1 чешне лук
- 1 кафена лажичка сенф
- 1/2 кафена лажичка црвен пипер во прав
- 1 кафена лажичка капара
- 1 кафена лажичка маслиново масло
- свеж магдонос
- ким
- бибер
- сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Послужете со потпечено лепче премачкано со путер.