Вторник, 8. Јануари 2019

Ивано како животен тренер

Ивано како животен тренер

Ако ги погледнеме најуспешните професионални спортисти во историјата, сфаќаме дека многу од нив станаа вистински легенди полни со знаење и насоки за успех. Веруваме дека нашиот амбасадор Ивано Балиќ, легендата на ракометот, е еден од нив, полн со лекции кои можат да им помогнат на многу млади луѓе. Затоа решивме накратко да го претставиме како животен тренер. Му поставивме неколку прашања во врска со успехот, како е да се биде професионален спортист, го прашавме што го мотивира и што чувствува за многуте титули што ги добил во неговата кариера.

Ова се некои корисни согледувања на некој за кој сметаме дека е маестро во ракометот. Од некој кој освоил сé. Корисни согледувања на вистински шампион.

Ве оставаме со неговите мисли, срдечно ви препорачуваме да ги прочитате, да размислите за нив и можеби да се обидете да примените некои од неговите идеи во вашиот живот, особено ако сте млад ракометар.

 

Да почнеме со „тајната на успехот“ ...

„Тајната на успехот е доста едноставна. Треба да бидете упорни и да работите напорно секој ден. Кога мислите дека станува тешко, треба да се фокусирате и да продолжите да го давате најдобро од себе. Наградата сама ќе дојде.“

 

Како е да се биде спортист од светска класа?

„Треба да тренирате напорно, да го слушате вашиот тренер и да бидете дисциплинирани. Треба да живеете за спортот и ќе бидете добро.

 

Која беше вашата најголема мотивација?

„Мојата мотивација беше секој ден да бидам колку што можам подобар. Не размислував за моите цели во кариерата, но секој ден се обидував да го дадам најдобро од себе. Треба секој ден се тестирате себеси за да видите колку далеку можете да одите. Кога мислите дека сте ја достигнале крајната граница, треба да продолжите да се обидувате, бидејќи сум сигурен дека можете да одите подалеку од поставената граница. Барем малку подалеку.“

 

Бевте прогласен за најдобар играч во светот ...

„Бев горд. Бев среќен, но тоа не траеше засекогаш, бидејќи мојата најголема цел беше да останам на тоа ниво колку што е можно подолго. Тоа беше награда за трудот и за сите жртви  што ги направив, но тоа не беше гаранција за понатаму. Утре е нов ден и мора повторно да го започнете, да се докажете, да работите, да продолжите да ги туркате своите граници.“

 

Некои други мисли за крај ...

„Не треба да бидете фрустрирани со мисли за вашата иднина, за тоа што ќе станете еден ден, каков играч ќе бидете. Уживајте во моментот, тренирајте, уживајте во она што го правите. Единствениот рецепт е да го дадете најдоброто од себе, а резултатот сам ќе дојде.“