Четврток, 4. Октомври 2018

Никола Карабатиќ. БЕЗ ФИЛТЕР!

Никола Карабатиќ. БЕЗ ФИЛТЕР!

Ако некогаш постоел вистински стрелец, некој кој ја зборувал вистината таква каква што е, тогаш тоа е Никола Карабатиќ. Тука тој ни зборува, без филтер.

Тој е вистинска суперѕвезда во светот на меѓународниот ракомет, титан на играта, со две олимписки златни медали и со четири светски шампионски медали во француските национални редови и тој е ѕвезда на ракометниот тим „Парис Сен Жермен“. Тој бил трикратен меѓународен играч на ракометната федерација на годината, освоил три златни медали на Европските шампионати и посакуваниот Л`Екип шампион над шампионите, во 2011.

Без сомневање! Роден во Ниш, во Србија, тој сега живее во Франција и ја претставува на меѓународната ракометна сцена. Ракометот е семејна работа, со оглед на тоа дека неговиот татко бил професионален играч, Никола и неговиот помлад брат Лука играат на највисоко ниво, така што нема сомневање дека ракометот им е во крвта. Тој живеел и играл професионално во Германија, Шпанија и Франција. Тој е мудар и интелигентен човек, кој зборува пет јазици и е фокусиран на иднината на ракометната игра.

Нема компромис! Тој жонглира со својот интензивен живот како професионален спортист и семеен човек, со нов член во семејството оваа година и секогаш се обидува да ги одржува работите едноставни и со перспектива. Никола е човек што не прави компромиси, поставувајќи си себеси и на својот тим барања за најдобро претставување, што претставува знак за вистински победник. Како амбасадор на брендот „Горење“, тој препознава дека неговото претставување бара вистинска поддршка на тимот што стои зад него, од семејството и од неговите соиграчи. Неговиот тим за поддршка дома, што му помага да управува и да се подготвува за неговиот професионален и дневен ангажман, ги вклучува апаратите на Горење.

Не постои неодговорено прашање! Ние го уловивме Никола, еден месец по неговите последни европски шампионати.

Никола, кажи ни, што е тоа што е толку специјално околу ракометот?

Н: Ракометот е моја страст. Јас сакам сѐ што е поврзано со овој спорт, брзината, цврстината, головите што треба да ги постигнеш, одбраната, другарството, соиграчите во тимот. Тоа е еден од најкомплетните спортови што може да се игра и претставува семејна работа.

/

Што е клучот на твојот успех?

Н: Мислам дека мојата ментална цврстина е клучот на мојот успех. Јас сум упорен работник и борец, никогаш не се откажувам, секогаш давам 200% без разлика дали тренирам или за време на натпреварот. Никогаш не губам фокус или самодоверба и во исто време никогаш не земам нешто здраво за готово.

Дали постои нешто во што не си добар?

Н: Пеење! Не го сакам звукот на мојот глас, а баш би сакал да пеем убаво.

Често си се селел ширум светот, па како живееш сега во Париз?

Н: Сакам да живеам во Париз. Првпат живеам во толку голем град. Ми се допаѓа да одам на тренинг со метро. Сакам да бидам дел од еден град каде што толку многу работи се случуваат и да бидам дел од еден од најубавите градови во светот.

Која е твојата омилена навика во Париз?

Н: Сакам да го носам мојот син во училиште со велосипед и да поминувам крај Ајфеловата кула, цело време се чувствувам како дете.

Зафатен човек си, со спорт што бара ангажман и со дом и семеен живот. Како сето тоа го одржуваш да биде едноставно?

Н: Секогаш се обидувам да се потсетам колку сум среќен дека можам да живеам со она што претставува моја страст и да имам најдобро семејство. Се обидувам толку често колку што можам да го препознаам позитивното во сѐ околу мене. Сето тоа ми помага да останам смирен и едноставен и никогаш да не земам нешто здраво за готово.

Што правиш во слободното време?

Н: Покрај ракометот и сите „обврски“ околу спортот, јас го минувам сето  слободно време со семејството и со пријателите. Тие се најважното нешто во животот, па затоа им го посветувам ним сето мое слободно време. Си играм со Алек, го носам на училиште, одам во парк со него, играме ракомет, фудбал, пинг-понг, тенис. Сѐ што сака тој.

Какво е чувството да бидеш амбасадор на брендот „Горење“?

Н: Се чувствувам навистина горд што сум амбасадор на „Горење“. Исто како и „Горење“, и јас потекнувам од балканскиот регион и би сакал да мислам дека и двајцата ги претставуваме најдобрите работи на овој регион. Константниот стремеж за најдобри резултати и за едноставност се вредностите кои ги делиме, така што јас целосно се идентификувам со брендот.